Во потрага по учител… и понатаму

Ние сме како брод во шише. Сосема несвесни дека сме херметички затвoрени во своето незнаење и егоизам, мислиме дека пловиме по океанот на животот. Всушност, само бесцелно се луламе на брановите на нашите мисли и чувства, носени од силните струи на желбите и потсвесните тенденции. Единствено духовниот учител може да нè извлече од тој привид, од таа илузија, за да можеме конечно да запловиме кон целта, кон своето себство, кон слободата...

Љубов во време на пандемија

Понекогаш, во време на војни, пандемии и разни природни катаклизми, кои со себе носат огромна деструкција, се случува во нас да се отвори нов „канал“, една сосема нова и дотогаш непозната перцепција и видување на животот...

48 Aко

Овој „јогиски римејк“ на поемата „Ако“ од Радјард Киплинг е благодарност до малубројните вистински духовни Учители, за нивниот труд и огромни напори вложени во обидите да го подигнат нивото на нашата свест и да го зголемат доброто во нас и околу нас.

Основни предуслови за разбирање на јогиското учење

На светот генерално постојат два вида луѓе - оние кои се заинтересирани да го пронајдат и разберат одговорот на прашањето: „Кој/а сум јас?“, и оние кои тоа не ги интересира. На првите, свесноста за незнаењето, кое како Дамакловиот меч виси над нивните глави, им предизвикува нелагодност и тескоба, а на вторите, кои се нурнати во материјалното, тоа не им е важно, и тие главно „молчат и пливаат“.

Што значи да се живее во духот на јогата?

Историјата нè учи дека, во нашиот развој како вид, сме поминале низ повеќе фази – сме биле ловци, собирачи на плодови, земјоделци... Но пред сè, свесни за тоа или не, ние сме трагачи, кои патувајќи низ животот бараат одговори и трагаат по смислата.

Дали напредувам во практиката на јога?

Осумте скалила на класичната јога всушност се скалилата до слободата. Секоја наредна скала на која се искачуваме, ни дава ново доживување, нов поглед на панорамата на животот. Единствено од последната, највисоката скала, ќе ни се открие целосната слика на мистеријата која дотогаш била скриена од нашиот поглед и од нашето разбирање.

Мистеријата наречена живот

Една од најважните работи во нашиот престој на овој свет е да знаеме да ги препознаваме и да си ги поставуваме прашањата кои имаат вистинска вредност. Можеби највредното и најинтригантно прашање, обвиено со мистерија, кое нѐ следи уште од времето кога сме станале свесни за себе, е прашањето за животот.

Сликата за себе

Јогата постепено го тенчи густиот превез исткаен од нашето незнаење, кое нè попречува да ја видиме реалноста каква што е, а не каква што ни ја „сервира“ умот. Вистинската јога, таа рафинирана наука за свеста, започнува од моментот кога прашањето „Каква слика имам за себе?“ се трансформира во „Кој/а сум јас?“

{ ЗА НАС } Во Центарот за интегрална јога се организираа курсеви, предавања, работилници и сатзанзи за практиканти и наставници по јога од 2008 до 2020 година. Оттогаш, нашата работа е насочена кон презентирање на суштинските теми од јогиското учење во интернет просторот. Центарот работи под водство на наставниците:

Стеван Милиќ

Стеван Милиќ  ја изучува јогата од 1982, а предава од 1992 година. 

По професија е архитект.

Катерина Наумова ја изучува јогата од 1996, а предава од 2000 година.

Доктор е на психолошки науки.

енсо{ Лого на Центарот } Енсо го симболизира кругот на животот, бесконечноста, единството на телото и умот, на совршеното и несовршеното, видливото и невидливото, празнината и исполнетоста, патот на духовниот напредок...

ПРЕДАВАЊА | РАБОТИЛНИЦИ | САТСАНЗИ

ПРОЕКЦИИ