ПОЧЕТНО-СРЕДЕН КУРС | АПРИЛ-МАЈ

ТЕРМИН: ПОНЕДЕЛНИК-СРЕДА 20:00-21:10


ПРОГРАМАТА НА КУРСОТ СОДРЖИ

 

динамични вежби за зголемување на еластичноста на мускулите и подвижноста на 'рбетот и зглобовите


статични и динамични телесни положби (асани) кои имаат благотворно дејство врз сите системи во организмот

 

понапредни техники на јогиско дишење (пранајама) кои влијаат смирувачки на ментален и емотивен план

техники на концентрација за свесно и спокојно сосредоточување на менталната активност


едноставни техники за пренасочување на виталната енергија (банди и мудри)

 

Tеоретски дел: грешки и заблуди во практиката на јога,


мотивација за напредок во практиката, 


предавања за одделни понапредни групи јогиски техники.

 

{ ЗА НАС } Центарот за интегрална јога организира едукативни, апликативни и промотивни активности за примена на јогата како интегрален метод за унапредување на сите аспекти на личниот развој: телесен, психички, социјален и духовен. Центарот работи од 2008 година под водство на наставниците:

stevan milik

Стеван Милиќ  ја изучува јогата од 1982, а предава од 1992 година. По професија е архитект.

 

katerina

Катерина Наумова ја изучува јогата од 1996, а предава од 2000 година. Доктор е на психолошки науки.

EnsoLogo{ Лого на Центарот } Енсо го симболизира кругот на животот, бесконечноста, единството на телото и умот, на совршеното и несовршеното, видливото и невидливото, празнината и исполнетоста, патот на духовниот напредок...

ТЕКСТОВИ НА НАШАТА Gооgle+ СТРАНИЦА


НАШИ СОРАБОТНИЦИ
 

Дарана центар