Записи од секојдневието
Ние сме суштества кои учат од искуствата, а тие се случуваат сега, во моментот, во нашето секојдневие, какво и да е. Тие, „обични“ случки често во себе имаат потенцијал за нови сознанија, но ние понекогаш неправедно ги занeмаруваме. Пребивајќи повеќе во минатото или фантазирајќи за иднината, што често правиме, ние ја губиме сегашноста, и така, си ги ускратуваме искуствата, испуштајќи ја можноста да учиме, она за што сме дојдени на овој свет.
