Љубов во време на пандемија
Понекогаш, во време на војни, пандемии и разни природни катаклизми, кои со себе носат огромна деструкција, се случува во нас да се отвори нов „канал“, една сосема нова и дотогаш непозната перцепција и видување на животот...
Основни предуслови за разбирање на јогиското учење
На светот генерално постојат два вида луѓе - оние кои се заинтересирани да го пронајдат и разберат одговорот на прашањето: „Кој/а сум јас?“, и оние кои тоа не ги интересира. На првите, свесноста за незнаењето, кое како Дамакловиот меч виси над нивните глави, им предизвикува нелагодност и тескоба, а на вторите, кои се нурнати во материјалното, тоа не им е важно, и тие главно „молчат и пливаат“.
Што значи да се живее во духот на јогата?
Историјата нè учи дека, во нашиот развој како вид, сме поминале низ повеќе фази – сме биле ловци, собирачи на плодови, земјоделци... Но пред сè, свесни за тоа или не, ние сме трагачи, кои патувајќи низ животот бараат одговори и трагаат по смислата.
Дали напредувам во практиката на јога?
Осумте скалила на класичната јога всушност се скалилата до слободата. Секоја наредна скала на која се искачуваме, ни дава ново доживување, нов поглед на панорамата на животот. Единствено од последната, највисоката скала, ќе ни се открие целосната слика на мистеријата која дотогаш била скриена од нашиот поглед и од нашето разбирање.
Мистеријата наречена живот
Една од најважните работи во нашиот престој на овој свет е да знаеме да ги препознаваме и да си ги поставуваме прашањата кои имаат вистинска вредност. Можеби највредното и најинтригантно прашање, обвиено со мистерија, кое нѐ следи уште од времето кога сме станале свесни за себе, е прашањето за животот.
Сликата за себе
Јогата постепено го тенчи густиот превез исткаен од нашето незнаење, кое нè попречува да ја видиме реалноста каква што е, а не каква што ни ја „сервира“ умот. Вистинската јога, таа рафинирана наука за свеста, започнува од моментот кога прашањето „Каква слика имам за себе?“ се трансформира во „Кој/а сум јас?“
{ ЗА НАС } Центарот за интегрална јога организира едукативни, апликативни и промотивни активности за примена на јогата како интегрален метод за унапредување на сите аспекти на личниот развој: телесен, психички, социјален и духовен. Центарот работи од 2008 година под водство на наставниците:
Стеван Милиќ ја изучува јогата од 1982, а предава од 1992 година.
По професија е архитект.
Катерина Наумова ја изучува јогата од 1996, а предава од 2000 година.
Доктор е на психолошки науки.
{ Лого на Центарот } Енсо го симболизира кругот на животот, бесконечноста, единството на телото и умот, на совршеното и несовршеното, видливото и невидливото, празнината и исполнетоста, патот на духовниот напредок...
ПРЕДАВАЊА | РАБОТИЛНИЦИ | САТСАНЗИ
ПРОЕКЦИИ