Што значи да се живее во духот на јогата?

Историјата нè учи дека, во нашиот развој како вид, сме поминале низ повеќе фази – сме биле ловци, собирачи на плодови, земјоделци… Но пред сè, свесни за тоа или не, ние сме трагачи, кои патувајќи низ животот бараат одговори и трагаат по смислата.

Дали напредувам во практиката на јога?

Осумте скалила на класичната јога всушност се скалилата до слободата. Секоја наредна скала на која се искачуваме, ни дава ново доживување, нов поглед на панорамата на животот. Единствено од последната, највисоката скала, ќе ни се открие целосната слика на мистеријата која дотогаш била скриена од нашиот поглед и од нашето разбирање.

Мистеријата наречена живот

Една од најважните работи во нашиот престој на овој свет е да знаеме да ги препознаваме и да си ги поставуваме прашањата кои имаат вистинска вредност. Можеби највредното и најинтригантно прашање, обвиено со мистерија, кое нѐ следи уште од времето кога сме станале свесни за себе, е прашањето за животот.

Сликата за себе

Јогата постепено го тенчи густиот превез исткаен од нашето незнаење, кое нè попречува да ја видиме реалноста каква што е, а не каква што ни ја „сервира“ умот. Вистинската јога, таа рафинирана наука за свеста, започнува од моментот кога прашањето „Каква слика имам за себе?“ се трансформира во „Кој/а сум јас?“